дома Политика TPПЕНИЕ, СПACEHИЕ – му порача портпаролот на СДСМ на членството

TPПЕНИЕ, СПACEHИЕ – му порача портпаролот на СДСМ на членството

Портпаролот на СДСМ, Коста Костадинов, повикува на трпение.

„Трпение, спасение!“, напиша Костадинов вчера попладнето на својот фејсбук профил, откако без договор заврши вчерашната средба меѓу партиските лидери Зоран Заев и Али Ахмети.

Во Собранието, по двочасовната средба, вчера немаше финален позитивен исход од средбата Заев- Ахмети. Тие не успеаја да се договорат за новото парламентарно мнозинство и за тоа како ќе изгледа владата.

По завршувањето на средбата претседателот на СДСМ, Зоран Заев изјави дека до петок, кога истекува рокот за доделување на мандатот ќе го добие мандатот и ќе формира мнозинство.

Новинарите го прашаа Али Ахмети дали албанец Премиер е главна пречка за неуспешната средба , на што тој одговори. „Јас сметам колку што сме блиску , толку сме и далеку, но сепак сите страни треба да ги имаат во превид големите интереси на државата“.

Овој негов пост се сфаќа како смирување на партиското членство и симпатизерите…..