дома Uncategorized TPAГЕДИЈА: Инфлуенсерка почина откако се лизнала од водопад во обид да направи...

TPAГЕДИЈА: Инфлуенсерка почина откако се лизнала од водопад во обид да направи „селфи“

Инфлуенсерката Софија Чеунг почина откако се лизнала при обид да направи селфи на карпа над водопадите, пренесува „The Sun“.

Трагичниот инцидент се случил откако 32-годишната Софија и тројца пријатели заминале на пат кон живописниот парк Ха Пак Лаи, во близина на планината Пајнапл во саботата околу 11 часот.

Софија се обидувала да направи селфи над водопадите во паркот кој е популарно место меѓу планинарите, особено на зајдисонце кога изгубила рамнотежа и паднала во бездна.