February 6, 2023, 3:04 am

Tpaгeдија кај Охрид: Пpeгазен пeшак, пoчинaл на лице мeсто

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пешак почина по удар од камион вечерва на регионалниот пат Охрид – Струга, кај местото Оровничка плажа.
Информцијата ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, кој појасни дека товарно возило удрило во пешакот и починал на лице место.
– Вечерва околу 19 часот во СВР Охрид пријавено е дека на стариот пат Охрид – Струга, кај Оровничка плажа товарно возило удрило во пешак, кој починал на местото на незгодата. Смртта ја констатирал лекар од итната медицинска помош, изјави Димоски.
Полициски екипи вршат увид на местото на незгодата, а сообраќајот е пренасочен на магистралниот пат. Повеќе информации, полицијата најави за утре

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This