дома Хроника Tpaгeдиja вo Нeгoтинo: Тpaктop излeтa oд кoлoвoзoт, пpи штo вoзaчoт пoчинa нa...

Tpaгeдиja вo Нeгoтинo: Тpaктop излeтa oд кoлoвoзoт, пpи штo вoзaчoт пoчинa нa caмoтo мecтo..

Тракторист загинал вчера во Неготино, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

-На патниот правец Неготино-село Курија се случила сообраќајна незгода во која Т.Е. (75) од Неготино, управувајќи трактор „ИМТ-539“, со неготински регистарски ознаки, изгубил контрола, излетал од коловозот и од здобиените повреди, починал на местото на незгодата.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, изјави Додевски. Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино.