дома Хроника Tpaгeдиja во фaбpикa во Куманово: Еден paбoтник зaгинa, а друг тeшкo пoвpeдeн

Tpaгeдиja во фaбpикa во Куманово: Еден paбoтник зaгинa, а друг тeшкo пoвpeдeн

Според МВР, вчера околу 9 часот во Кумановската полиција било пријавено дека во фабрика во Куманово, за време на извршување на работни задачи биле повредени Ч.С.(57) и Р.И.(27), и двајцата од Куманово.

Ч.С. од зaдобиените повреди починал, а смрт констатирала екипа од Итната медицинска помош Куманово.

Р.И. бил пренесен во Кумановската болница за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Куманово, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

ОД МВР не соопштуваат во која фабрика се случила несреќата.