дома Балкан Tpaгeдиja вo Албанија: Ce yдaвиja тpи лицa, двajцa ce тypиcти oд Македонија

Tpaгeдиja вo Албанија: Ce yдaвиja тpи лицa, двajцa ce тypиcти oд Македонија

Утрово во Албанија евидентирани се три жртви од давење во море.

Станува збор за 59-годишник идентификуван од полицијата со иницијали Х.Х. кој се удавил околу 11:15 часот денеска на плажата во Велипоја. Десет минути подоцна уште две лица се удавија на плажата во Спиле. Полицијата информираше дека станува збор за две повозрасни лица: М.М. (79г.) и Ц.М. (78г.) кои дошле на одмор од Северна Македонија.

Се смета дека причина за давењето се високите бранови.

Инцидентот се случил околу 11:25 часот, додека истражниот тим работел на расветлување на околностите за настанот.