дома Хроника Tpaгeдиja: Maж пoчинaл пo пaд oд кapпa кaj ceлo Koшaни

Tpaгeдиja: Maж пoчинaл пo пaд oд кapпa кaj ceлo Koшaни

Во Полициската станица Кавадарци, М.Џ.(71) од Скопје вчера попладне пријавила дека нејзиниот сопруг Е.Џ.(75), паднал од карпа кај село Кошани, на место викано „Дол“, по што починал, информираше попладнево портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.

Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кавадарци, а по наредба на обвинителот, телото на починатиот било предадено на семејството.