October 1, 2022, 8:31 am

Tpaopно сведоштво: Cyдијата по втор пат ми yби дpyгарите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„На обвинетиот му се изрекува УСЛОВНА ОСУДА со која му се утврдува казна затвор во траење од две години и истовремено се определува дека утврдената казна нема да се изврши доколку за време од 4 години од правосилност на пресудата не стори ново кривично дело“. Ова е пресудата што ја изрече судијата Бојан Мартиноски од Основниот суд во Охрид на 24 годишниот Антонио Ангелоски од охридското село Лескоец, обвинет за сообраќајната несреќа што се случи лани на 16 август час и половина после полноќ на регионалниот пат Охрид-Св Наум.

Во пресудата пишува дека обвинетиот Ангелоски, со својот автомобил „голф“, престигнувајќи друго возило „фолксфаген“ со бризна од 106км на час каде е дозволено 60, удрил во „цитроен Ц3“ со кој управувал Иван Корач на местото каде регионалниот пат се вкрстува со спореден пат од комплексот „Инекс“.

По ударот, „цитроенот“ се забил во билбордот од десната страна на патот, а „голфот“ во оградата од левата страна.

Тогаш згаснаа животите на две млади момчиња, три девојки претрпеа тешки телесни повреди со сериозни последици.

Животот на 27-годишниот битолчанец Иван Корач згасна во болница, 6 часа по несреќата. Младото момче не успеа да се избори со тешките повреди на глвата, кога од силниот удар настапи крварење и нагмечување на мозкот. Милан, кој беше на совозачкото седиште во „цитроенот“, му подлегна на речиси истите повреди како и Иван, но еден месец подоцна. Родителите на двете млади момчиња, велат дека тагата и болката се преголеми, но силно боли и неправдата.

За несреќата утринава посведочи една од преживеаните девојчиња Сташа Божиновска кој потенцира дека судијата по втор пат ги убил нејзините пријатели.

-Собрав сила и here we go.

15 август 2020. Јас, Деспина и Исидора кои бевме на “традиционален” летен одмор во Струга, се спремаме да излезиме и да си поминиме една нормална убава вечер на пијачка во Охрид. Успат дознаваме дека имаме другари од Битола кои исто така престојуваат во Охрид па се договараме да се споиме.

Вечерта ја поминавме забавно и весело, сите кои ги знаат Иван и Милан па и мене, Деспина и Исидора знаат дека сме секогаш за дружба па заради пандемијата после кафич се договараме да си напрајме журка во нивниот стан во Охрид.

Иван бидејќи цела вечер пиеше вода заради тоа што беше совесен возач беше среќен што конечно ќе се напие некоја пијачка и ќе се опушти.

Излеговме и се упативме кон колата.

Црно.

Ги отворам очите на повикот на Деспина по мене.

И си помислив “прв пат осеќам толкава болка во сон” а околу мене гласови, сирени, светла.

Пак црно.

Ги отворам пак очите и лежам во болница каде ми ги сечат алиштата и јас сум во шок. Се свестувам и сфаќам дека вечерта заврши како што никој не би посакал и само ѓи прашав сестрите каде де другите и дали има жртви. Ми рекоа не, сите сте живи. Деспина беше до мене.

ПРЕсреќна бев.

Барав телефон да се јавам да кажам на некој дека сме во болница но дека сме добри. Прво затоа што знам дека мајка и и татко и на Исидора не чекаат да се вратиме дома.

Добив телефон кога ме однесоа на одделение.

Прво се јавив кај моите нормално а тие веќе пред болница, плачат незнам дали од среќа дека ми го слушаат гласот или од тага заради несреќата.

Се јавив кај сите што им го памтев бројот.

Во 11:30 ми се јави другарка ми и ми рече: сега имаш телефон ќе прочиташ па поарно јас да ти кажам, Корач почина.

Неможам ни да ви опишам што осеќав во моментот, плачев а ме боли се, секој напор е додатна болка на веќе постоечките скршеници и рани, а на душевните не сакам ни да објаснувам.

Ме префрлија Скопје, каде имав 4 резови за да ме монтираат, како слагалица.

Лежев неподвижна таму 2 недели.

Исидора и Милан во КАРИЛ. Деспина дома со гипс околу рамената и клучната коска.

Моите од кај мене на болница кај Деспина дома.

Тетка ми која деноноќно седеше над Деспина, идеше и кај мене на болница.

Вујко ми и вујна ми кои ја гледаа Исидора само преку стакло, одвојуваа време да ме видат и мене и Деспина.

Не знам дали некој може да го замисли ова, но на никој не му го посакувам.

Се вратив дома. 2 месеци во болнички кревет, физиотерапија во лежечка позиција, психотерапија во истата таа позиција.

Колку среќа имам што сум опкружена од моите родители, браќа, другари најблиски и подалечни, мојот дечко, познаници. Секој дојде да ме посети. Сите тие еден по еден ми даваа сила и желба полесно и побрзо да го поминам ова.

Се секавам на 18 септември моите ми кажаа дека ќе одат некаде. Сабајлето имав физиотерапија и татко ми само влезе и рече се смена планот ќе останиме тука.

Кога завршив со терапијата ми дадоа доручек и седнаа до мене и мајка ми и татко ми.

Никогаш нема да ја заборавам оваа реченица на татко ми:

Знаеш, малце се искомплицира состојбата на Милан.

Јас викам добро ќе биде добар.

И тој: ни замина.

Го фрлив доручекот и почнав да плачам како мало бебе.

Пак истото, си велам што згрешивме ние за да плаќаме за туѓа грешка. Е во тој момент осетив гнев како никогаш до сега.

На 19 октомври заминав Скопје на поактивна физиотерапија затоа што веќе почнав да се движам со дубак.

Јас веќе се исправив, Деспина исто така, со што таа имаше потрес на мозок и сеуште се справува со вртоглавици.

Како да ги погледнам во очи вујко ми и вујна ми кои не знаат во тој момент дали нивната ќерка некогаш ќе се разбуди?

Како да го видам татко му на Иван или да одам да ја гушнам баба му ма Милан која што ме знае од бебе, а да не помислам дека можеле нивните деца да се на мое место?

Траума, стрес, страв, срам. Заради некој дивјак!

Се молиме за Исидора, јас, ти, сите што ги познавам ме прашуваат како е.

Веќе сите осекавме дека сме дел од една голема фамилија, секој се грижеше за нашите животи.
Ја испративме во Германија, фала Богу.

И конечно се разбуди, добра е и ќе победи.

Кога ќе и кажам дека сите ја поздравуваат и прашуваат за неа, ме прашува кој? Како да и кажам? Баш СИТЕ. Не ги знаеш, но се молат за тебе, веруваат во тебе, и едвај чекаат да го запознаат најголемиот борец! Сакам да ви кажам дека има страшен дух и волја за живот, упорна е и се бори со сите сили. И најбитно, се ова со една голема насмевка.

Но таа вика вака: Господ ѓи потроши сите сили на мене, сега нека му ја мислат тие.

Преблагодарна сум за мене и моите братучетки, но болката за Иван и Милан никогаш нема да замини, ќе мора да се научиме за живееме со неа. А за да можеме, бараме ПРАВДА!

Кога мегусебно би си погледнале во срцата давајќи му значење на тугиот проблем и предизвик со кој другиот се соочува, сигурна сум дека дека би се третирале со многу повеќе толеранција и разбирање. Се обидувам да разберам и да не сум лута. Тешко е но се обидувам.

Но човекот, ИНСТИТУЦИЈАТА, која требаше да ми дај потпора, не само мене, на сите гореспоменати и неспоменати, ме/не предаде.

Бојан Мартиноски не изневери. Судијата од одновниот СУД во Охрид!

Детето од колата знам дека нема да спие мирно можеби никогаш повеќе.

А ти, Бојан? Каква ти е совеста? Ни ги уби по втор пат другарите, и заедно со нив нивните фамилии и нас.

#правдазаиванимилан

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This