дома Македонија TPAOPHA ПРИКАЗНА: Бабичка во банка прашува дали 1000 денари ќе и стигнат...

TPAOPHA ПРИКАЗНА: Бабичка во банка прашува дали 1000 денари ќе и стигнат за 2 недели

Една бабичка денес беше на ред пред мене во банка. 60тина години имаше и вадеше пари од сметка. Слушнав како вели на шалтер дека внука и од странство и пратила 40 евра за месецов, па не знае како и стигнале помалце на сметка, на што вработената и објасни фино-лепо дека банката си зема провизија на трансакциите.

Се подзамисли бабичката и побара да извади 1000 денари. 17 евра од тие помалку од 40. Ја праша вработената дали мисли дека ќе и стигнат за 2 недели! 1000 денари, за леб, млеко, можда цигари и турско! И си рече на крај, ајде, ќе земам 1000 денари, па ако не ми стигнат, ќе наминам пак. Немам кујзнае колку па да ги вадам сите.

На крајот од животот, после 40 години рмбање, да треба да му ја мислиш како месецот ќе го поминеш со 2000 денари – не е во ред! Дур џукеливе што станаа транзициски газди фрлаат 1000 денари на појадок! Дур пратеници анонимуси земаат илјадници евра за патни трошкови!

Нешто е труло, многу труло во овој наш би(знис)партизам. И ако не ви смета што е вака, што раја мачи да сврзе крај со крај, дур шака хоштаплери се луксузираат на наш грб, тогаш стварно немате срце.