дома КОВИД-19 (Коронавирус) Tpeтиот бpaн на кopoнавирус би бил нecoвладлив

Tpeтиот бpaн на кopoнавирус би бил нecoвладлив

Австриските лекари предупредуваат дека третиот бран на зараза со коронавирус за болниците би бил надминат само условно. Нивото на дневни инфекции е сè уште високо, истакнуваат тие, додавајќи дека состојбата на интензивна нега е сè уште тешка.

Специјалистот за интензивна нега, Клаус Маркшталер предупреди дека на клиниката АКХ во Виена имаат тешки случаи на лица на возраст од 20 и 30 години.

Неговиот колега од Линц, Бернд Лампрехт, посочува дека болничкиот персонал бил изложен на екстремни напори со недели, поради големиот број на ковид-пациенти.

„Тој напор не може долгорочно да се издржи“, рече тој.