April 24, 2024, 10:21 pm

Tpyдницaтa кoja пoчинa oд Koвид oдбивaлa дa бидe хocпитaлизиpaнa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пациентката која од ковид почина на 22 години, дојдена е на Клиника на 23 ноември и тоа по трет пат, откако претходната ноќ доаѓала двапати и одбивала да биде хоспитализирана и и било објаснето дека се става во ризик себеси, но и бебето, па по примена инфузија се потпишала и заминала. Имала заболување на тироидна жлезда и била мултидисциплинарно третирана.

Одбила да остане бидејќи требало да биде хоспитализирана во делот каде што се лекуваат ковид позитивни пациентки, а таа имала негативен тест, но лабораторијата и симптомите сугерирале на ковид.

-Кога дојде утрото повторно таа веќе имала мртов плод и многу влошена состојба и веднаш е префрлена во шок-соба и породена е со царски рез. Таа била 37 недела и прва бременост, но не одела на редовни контроли, изјави директорката на ГАК д-р Викторија Јовановска.

Пациентката која почина на 22-годишна возраст имала нагони на гадење, повраќање и дијареа, не биле класични симптоми како кашлање и температура. Направен е ПЦР тест кој покажал дека е позитивна, но и да нема тест, а доколку има клиничка слика која покажува сомнеж, таа ќе се третирала како сомнителен случај на ковид-19, немало да биде сместена со потврдените позитивни, така е кај нас и секаде во светот.

-Семејството било вознемирено бидејќи ја убедувале да остане, не може да кажеме дека имала траги на семејно насилство, но таа крварела што може да биде пример за истото, но таа одби да одговори, вели директорката.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This