дома Македонија Veritas и Vranec Classic нa Cтoби со виcoки oцeнки oд пpecтижниoт мaгaзин...

Veritas и Vranec Classic нa Cтoби со виcoки oцeнки oд пpecтижниoт мaгaзин Wine&Spirits

Две наши вина добија високи поени од една од највлијателните вински критичарки Тара Томас, кои ќе бидат објавени во рецензија на магазинот Wine & Spirits (едно од четирите водечки списанија за вино во САД).

Veritas 2015 од линијата Private Reserve од магазинот е оценето како исклучително вино со високи 91 поен, а Томас го опишува виното како силно и црно, со совршена арома, киселост и танини. Ова вино е и едно од најнаградуваните вина на Стоби, добитник на 6 златни медали на најпрестижните вински натпревари во светот.

Додека Вранец 2019 од Classic линијата доби одлични 86 поени, и препорака за “Best Buy”. Томас го опишува овој Вранец со арома на модра слива кој во себе ја содржи благородноста на чоколадото, како едноставно и сочно вино, и вели дека е богатство по одлична цена.
Поените за успехот ќе бидат официјално објавени во јунското издание на списанието Wines & Spirits, а ние сме горди што на светот можеме да му покажеме дека во земјава се произведуваат квалитетни вина и дека оваа гранка навистина постигнува интернационални успеси.