дома Балкан (Видео) СЛЕДУВА НОВ МИГPAHTCKИ БPAH: Турција со зakaна кон Европа

(Видео) СЛЕДУВА НОВ МИГPAHTCKИ БPAH: Турција со зakaна кон Европа

Се соочува ли Европа, но тука пред се Македонија со нов голем бегалски бран? Дали приказните за подготовките во Македонија за градење кампови и слично ќе се покажат за вистинити. По влошување на ситуацијата во Сирија со офанзивата на Турција врз Курдите, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, соочен со страшен меѓународен притисок се закани дека ќе ги отвори портите кон Европа за бегалците.

„Вие не можете да ја оквалификувате нашата операција како инвазија. Тогаш ќе ги отвориме портите и ќе испратиме 3,6 милиони бегалци. Турската воена операција е насочена само кон елиминирање на теророт”- нагласи Ердоган.

Како што е познато, Македонија се наоѓа на централното место во таканаречената Балканска рута која сега, засега останува затворена. Низ неа од избивањето на граѓанската војна во Сирија минаа милиони бегалци. Доколку Ердоган ја оствари заканата и ги отвори вратите, нормлано е дека Грција и Македонија ќе се соочат со бегалско цунами, кое бодликавата жица на јужната граница нема да може да го сопре. Ситуацијата во Сирија со навлегувањето на Турците станува сè покомплицирана.

Европската Унија стравува од нов терор, но нема единствен став и има само ограничено влијание. Заканата на Ердоган доаѓа по критиките од оделни Европски земји за тековната воена офанзива.

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, негираше дека соединетите американски држави и дале на Турција “зелено светло” за воената офанзива во Сирија.Претходно, Трамп му се закани на Ердоган да биде внимателен во Сирија.

“Ќе ја уништам неговата економија доколку тоа се случи. Сигурен сум дека, се надевам дека тој ќе постапи рационално. Но мора да разберете дека тие се борат многу, многу децении, поточно со векови. Тие постојано војуваат едни со други” – изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

Турција вчера започна со офанзивата на територијата во северна Сирија која досега ја контролираа Курдите, клучниот сојузник на САД во борбата против Исламска држава.Неколку градови и села досега беа погодени со воздушни напади и артилериски оган , присилувајќи илјадници цивили да ги напуштат своите домови.Курдската црвена полумесечина соопшти дека 15 цивили биле убиени во нападите, меѓу нив и две деца, а повеќе од 20 се во критична состојба од кои четири се деца.