„When In Krushevo” од 6-ти дo 8-ми Aвгуcт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Планински тури, авантуристички активности, но и културни случувања ќе бидат дел и од овогодинешнотот издание на фестивалот „When In Krusevo“ кое ќе се одржува од 6-ти до 8-ми август. Организаторите ветуваат многу адреналин и забава.

Турите, пеш или со велосипед, ќе се одвиваат низ крушевската природа, а посетителите ќе имаат можност и да посетат три музеи, како и да спијат во кампинг просторот покрај крушевското езеро.

„Покрај овие активности, учесниците ќе добијат попуст за параглајдинг, јавање на коњи, кајак и SUP, а оваа година ќе имаат и можност да учествуваат и да го проследат интернационалниот настан Krushevo Trail Challenge“, стои во најавата за настанот.

За музичката програма, пак, ќе се погрижат рок бендовите Rock Symphony и The Hounds, претставувајќи ги своите последни хитови.

Од диџејската програма, главниот носител ќе биде Dj Галоски, а ќе настапат и локални диџеи и DJ Babura Junior.

За големиот број на заинтересирани учесници ќе биде обезбедена посебна камп зона со сите потребни услови, а на располагање ќе бидат и приватните и хотелските капацитети во Крушево.

Цената за картата изнесува 500 денари (400 денари за групна карта 4+1), која може да се купи на продажната мрежа на MkTickets (www.mktickets.mk). Пријавувањето за учество е во тек на следниот ЛИНК.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This