дома Свет Xaмac нajaви пpимиpje oд двa чaca, зaпoчнa вeчepвa вo 22 чacoт

Xaмac нajaви пpимиpje oд двa чaca, зaпoчнa вeчepвa вo 22 чacoт

Палестинската организација Хамас објави примирје со Израел, во траење од 2 часа, кое ќе започне во 22 часот по локално време.

Ова ќе се однесува само на Тел Авив, како што изјавија.

Претходно, американскиот претседател Џозеф Бајден денеска телефонски разговараше со палестинскиот претседател Махмуд Абас за последните конфликти меѓу Израел и Палестинците, како и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

„Претседателот Абас доби важен телефонски повик од американскиот претседател Џо Бајден“, рече портпаролот на Абас.

Тоа беше првиот разговор меѓу двајцата лидери откако Бајден ја презеде функцијата во јануари.