Xakиpaна Фејсбук страницата на бугарското министерство за oдбpaнa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Официјалната Фејсбук страница на Бугарското министерство за одбрана, раководено од Красимир Каракачанов, е хакирана во текот на вчерашниот ден, пренесува „Еуроактив“, додавајќи дека бугарските власти веднаш отвориле нова страница.

„Министерството не е одговорно за информациите кои ќе се појават на Фејсбук страницата. Се превземаат мерки за надминување на проблемите“, велат од министерството за одбрана на Бугарија.

Од бугарското МО подоцна потврдија дека е отворена нова ФБ страница, но без да обелоденат детали за хакирањето.
Ова не е прв случај Бугарски владини претставници или институции да се соочат со ваков проблем.

Во 2018 година, профилите на социјалните мрежи на Бугарскиот премиер Бојко Борисов и претседателот Румен Радев беа хакирани, а на нивно место беа поставени реклами до Турски лихварски организации.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This