Xaoc во Собранието, ќе се расправа цела ноќ само за да мине продажбата на „ГАМА“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вистинска драма вечерва се случува во Собранието во моментов. Без одлука Собранието продожува да работи и по 18 часот со најав дека ќе работи цела вечер до раните утрински часови, за во текот на ноќта без очите на јавноста да помине одлуката да се платат 33 милиони евра државни пари за ГАМА.

Власта сака на мала врата без доволно информации и консултација со јавноста да се изгласа закон со кој ќе му се признае на Макпетрол сопственост од 50% во гасоводот во Македонија и истиот да му се плати по нерелано висока цена од 33 милиони евра, иако самата власт вели дека вредноста на влогот на Макпетрол е 18,8 милиони евра, стои во соопштението на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија.

-Се поставува прашањето зошто Владата на Макпетрол сака да му плати екстра 14,2 милиони евра? Зошто Државниот правобранител не сакал да даде дозвола на премиерот Заев да го потпише договорот? Зошто се оди со закон во Собрание што никогаш претходно не се случило во историја на Македонија? Затоа пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата прави се со долги говори да ја блокира работата со цел да не бидат злоупотребени 33 милиони евра народни пар, велат од пратеничката група.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This