April 17, 2024, 12:18 am

ZORAN ZAEV BALISTЀТ: Зоран Заев заедно со Балистите навивал за Шкендија на арената „Адем Јашари“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев, лидерот на СДСМ вечерва со фотографија од трибините се пофали дека навива за Шкендија. Секако, Заев мора да нагласи дека секогаш е за успех на Македонија, а заборави да напомене дека неговите драги пријатели на кои им е должен до мера пустиот да мора да навива за нив, дека токму оние кои ги бодри арената „Филип Втори“ ја преименуваа во арена „Адем Јашари“
zaev_skendija

Шкендија загуби 4:0, па успехот и не е некој голем. Но тоа што повеќе загрижува е кого тоа Шкендија го претставува?

Дури и Заев не напиша дали се наоѓа на стадионот Филип Втори или на Адем Јашари, како што и Шкендија и Балистите ја нарекуваат арената во Скопје.

Заев не искоментира ниту дали заедно со неговите „пријателчиња“ скандирал за Голема Албанија? Заев не даде ниту коментар за тоа како се чувствувал знаејќи дека минатиот пат Балистите на целата арена испишаа „Илирида“ и редовно вадат карти на Голема Албанија? Не даде коментар дали е против, или за овие фашистички идеи?

Дали и сега треба да очекуваме фотографии од Заев со кренати два прста, или со знамиња, амблеми и други ознаки на Голема Албанија? Впрочем тоа и нема да биде изненадување од Заев, по неговото бесчуствително однесување минатата година во Куманово и за време на митингот во Скопје.

Да не заборавиме, Зоран Заев досега никогаш не се појавил на натпревар на Македонскиот прволигаш „Вардар“, а сега го гледаме прв на трибините кога треба да се бодри „Шкендија“ и големо-албанската идеја.
Впрочем Заев е првиот Македонски политичар кој јавно ја поддржа оваа фашистичка идеја на албанските националисти, ветувајќи дека доколку дојде на власт ќе воведе албански јазик да се изучува во сите школи во Македонија, прашувајќи зошто „мојата ќерка да не учи албански“.

Се почесто Заев го гледаме во друштво на Албанци кои имале и тесна соработка со исламистот Чауш, на свадби во Арачиново па дури и спрегн цела механизација на фирми блиски до СДСМ за да им го исчисти каналот на Арачиновци, а од другастрана им наредил на неговите советиници во Гази Баба да гласаат против чистењето на одводните канали на територија на општината.

Сведоци сме и дека Заев призна дека не му лежел патриотизмот, па можеби тоа е и причината поради која не оди на натпреварите на „Вардар“ каде што се пее „Кој душман ќе влезе, жив нема да илезе“!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This