January 17, 2022, 5:17 pm

Ивица Боцевски: Heпостојната оставkа и изиграната доверба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уште вечерта, на 31 октомври, беше јасно дека Зоран Заев не поднел оставка. Зборот, искажаниот збор, е алатка на политичарот, посебно во демократски режими. Оставка на премиер е огромна работа во секоја држава и никогаш не паѓа од небо, па така беше совршено јасно дека станува збор за нова политичка игра и смислена ујдурма на Заев.

Оттука беше јасно дека тој не поднел оставка, но што му беше целта со „оставката“? Што требаше Заев да постигне?

Имајќи предвид дека ова сценарио со „оставката“ не се реализира, Заев & Co. се вратија на старото сценарио, осмислено пред локалните избори. Тогаш тие беа убедени дека им претстои блескава победа и дека прашање е само дали Шилегов ќе победи во првиот круг или, пак, ќе мора да се оди и на втор круг каде што ќе беа прегазени „небањатите“. Победата на локалните избори требаше да му даде на Заев амбиент за влез во ново предавство, овој пат со Бугарија. Во митологијата на СДСМ на датумот за преговори со ЕУ му се дадени легендарни својства, исто како што претходно се случуваше со влезот во НАТО. Па, така, датумот треба да направи гладните да се заситат, слепите да прогледаат, хендикепираните да проодат, а СДСМ и Заев да си ја обноват политичката невиност, да се исчистат од гревовите и повторно да зачекорат кон блескавата иднина.

Јасно е дека тој нема проблем да потпише и формален документ дека македонскиот народ постои од 1944 и дека македонскиот јазик постои од 1945 година, а дека претходно Македонците биле дел од големата бугарска нација што Југославија ја поделила пред осумдесет и кусур години. Можеби во неговата глава и во главите на неговите приврзаници ова и не е толку голема отстапка затоа што „треба да гледаме напред“ и „не смее да бидеме робови на историјата“. Но реалноста е сосема поинаква…

Прочитајте повеќе на Нова Македонија

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This