Австралија ги yблaжyвa мepкитe, co дeнoви нeмa нoви зapaзeни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Австралиската федерална држава Нов Јужен Велс ќе ги олесни ограничувањата за физичка дистанца и ќе ги отстрани условите за компаниите каде вработените можат да работат од дома, затоа што се близу три недели без локален пренос на коронавирус, рече премиерот Гледис Береџиклиан.

За разлика од многу други делови на светот кои воведуваат построги правила за забавување на повторното ширење на коронавирусот, австралиските држави и територии започнаа да ги ублажуваат скоро сите ограничувања во последните неколку недели. Тоа обезбеди огромен поттик за разнишаната економија на земјата во периодот пред Божиќ.

Нов Јужен Велс, најнаселената држава во земјата, ќе им овозможи на рестораните, пабовите и кафулињата да ги зголемат капацитетите од 1 декември.

Во обид да ги оживее деловните области во Сиднеј, Береџиклиан рече дека државата ќе ја отстрани наредбата од 14 декември со која се бара работодавците да им дозволат на вработените да работат од дома.

„Треба да осигураме дека нашата економија продолжува да се движи, да работиме и луѓето да се чувствуваат побезбедни во 2021 година за својата заработка и работа“, изјави Береџиклиан пред новинарите во Сиднеј.

Таа исто така рече дека поради овие промени во јавниот превоз ќе има повеќе луѓе, а државата ќе размисли да ги казни оние што не носат маска додека патуваат со автобуси, возови и траекти.

Оваа најава следи откако Нов Јужен Велс 18 дена по ред не регистрира локален пренос на коронавирус.

Викторија, втора по големина федерална држава во Австралија, исто така, нема забележано ниту еден случај на инфекција со коронавирус во последните 24 часа. Викторија, во која 90 проценти од смртните случаи поврзани со вирусот се случија во земјата, сега 25 дена по ред е без откриени инфекции.

Австралија при почетокот на пандемијата објави повеќе од 27.800 случаи на инфекција со коронавирус и 907 смртни случаи. Останаа само 100 активни случаи во земјата, а повеќето од нив се во карантин.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This