Австралија и Канада се обединија пpoтив Фејсбук

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По Австралија, Канада објави дека има за цел да го принуди Фејсбук да плати за објавување медиумски содржини на социјалната мрежа. Отава објави дека ниту одмаздата на технолошкиот гигант нема да го заплаши.

Канадскиот министер за наследство и мултикултурализам Стивен Гилбо изјави дека ќе започне со изработка на закон, сличен на барањето на Австралија, Фејсбук и другите компании да плаќаат хонорар за објавување на домашни медиумски содржини на нивните платформи.

„Канада е во првите редови на оваа битка, ние сме меѓу првите земји во светот што го сторија тоа“, рече министерот.

Гилбо рече дека владата сè уште размислува кој модел ќе биде најсоодветен, додавајќи дека се консултирала со колеги од Франција, Австралија, Германија и Финска за тоа како најдобро да се обезбеди обештетување од Фејсбук.
Тој верува дека повеќе од десет земји наскоро би можеле да воведат слични правила.

Објавувањето од Канада доаѓа неколку дена откако Фејсбук ги блокираше сите медиумски содржини во Австралија на својата платформа како одговор на законот со кој се бара да плати надоместок за креаторите на вести чии врски и содржина се појавуваат на таа веб-страница.

Гилбо рече дека Фејсбук нема да може да преземе слични активности доколку се вклучат повеќе земји, опишувајќи го пристапот на компанијата кон ова прашање како целосно неодржлив, пренесува РТ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This