АЛАРМАНТНО, ДРЖАВА БЕЗ ДОКТОРИ: Преку 1200 лекари ја напуштиле државата, 83 чекаат одобрение за заминување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Асоцијација на специјализанти и млади лекари-АСМЛ преку соопштение ја информираше јавноста за алармантната состојба во здравството и одливот на квалификуван кадар во странство.

Свесни дека проблемите од областа на здравствениот систем се сигурно едни од најтешките и најсериозни предизвици со кои се соочува едно современо општество, сметаме дека е неопходно повторно да потсетиме на ситуацијата во која ние младите лекари се наоѓаме и проблемите со кои секојдневно се соочуваме:

• Македонија ќе ја заврши 2019 година со околу 4700 активни лекари севкупно, 22% помалку лекари од просекот во ЕУ, но поголем проблем е катастрофалната дисперзија по региони.

• Околу 200 студенти годишно завршуваат медицински факултет, а ист е бројот на оние кои си заминуваат од земјава.

• Од 2010 до 2018 земјата ја напуштиле 1200 лекари, Во периодот 2006-2015, бројот на лекари кои заминуваат годишно се зголемил за речиси 20 пати!

• Само во првите 3 месеци од годинава, 83-ца лекари од Македонија побарале потврди од ЛКМ со цел да работат во странство, што претставува 20% зголемување во однос на истата бројка минатата година.

• Во моментов, во државата се активни 144 матични гинеколози , од кои во Скопскиот регион 49 лекари, додека најмал е бројот во вардарскиот и североисточниот регион со 11 гинеколози.
Во повеќе од 60 општини во Македонија нема или има недостаток од гинеколози катастрофална дисперзија.Според СЗО, на овој број на население во Македонија,треба да има минимум 400!

• Вкупниот број на матични лекари изнесува во 2017 година е 1577 или 1 лекар на 1188 граѓани, со катастрофална дисперзија, на пример во Скопскиот регион 503 лекари, додека во источниот регион 115 општи матични лекари. Просечна возраст на матичните лекари во РМ е 57 години.

• Речиси и нема болница која не се соочува со недостаток на медицински кадар. На универзитетските клиники се работи со помалку офталмолози, уролози, ендокринолози, педијатри, a хроничен е алармантен е недостатокот и на анестезиолози.

За жал, она што во меѓувреме продолжи да се случува е следното :

• повеќе од 90 колеги ја напуштија земјата од почетокот на годината, за 20% повеќе од истиот период лани.

• 24 часовните дежурства и понатака се неплатени!

• државна просечна плата за млад општ лекар е 26.000 денари, колеги на специјализација со плата од 24.000 денари!

• продолжија скандалозни конкурси за вработување под старите одредби,со дискреционо право на комисијатa да одлучи за вработување без оглед на ранг листа по квалификации

• партиски вработувања се секојдневие и понатака

• на колеги специјалисти им се прекинуваат веќе доделени специјализации по само 5 месеци од доделувањето

• приватните специјализанти со надоместок кој не вклучува социјални придонеси, имаме лекари без здравствено осигурување

• сеуште важат лихварските обврзувачки договори за колегите специјализанти за ЈЗУ

• нередовна, нецелосна и селективна исплата на додатоци по колективен договор

• ниеден посериозен чекор кон подобрување на статусот на младиот матичен лекар, ниту унапредување на постоечките стимулативните мерки

Почитувани, на првата и досега единствена средба помеѓу министерот за здравство си претставници на здруженијата на младите лекари и специјализанти одржана на 19 февруари 2019 год, Министерот за здравство соопшти дека по завршувањето на студиите на Медицинскиот факултет студентите ќе добијат можност за практична работа во здравствените домови во Република Македонија.

Идеја беше иницијално поддржана од претставниците од здруженијата со бaрање истите да бидат дел од процесите на инплементација и активно вклучени во сите активности..

Од тој иницијален состанок до денес, освен кратка средба со Деканската управа на Медицински факултет Скопје, не се случи ниедна работна средба на ниедна работна група, тело, комисија или сл.

Информирани сме дека активностите ќе продолжат по изборите, и дека ќе бидат вклучени претставници на специјализантите.

Секогаш ќе поддржиме позитивна промена и потег, но напоменуваме, статусот на младиот лекар во Македонија е далеку од задоволителен, треба многу што да се смени а и не очекуваат многу предизвици во наредниот период.

Извршен Одбор на АСМЛ

Свесни дека проблемите од областа на здравствениот систем се сигурно едни од најтешките инајсериозни предизвици со кои…

Posted by Асоцијација на специјализанти и млади лекари-АСМЛ on Thursday, April 18, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This