Алтернатива: Прво разговор со премиерот или следиот мандатар, потоа ќе се донесе одлука за влез во владата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Орхан Муртезани портпаролот на Алтернатива, на прес конференција рече дека на почеток на седницата им била оддадена почит на жртвите во сообраќајната несреќа во Бугарија.
-Разговаравме за политичката состојба во земјата и констатиравме дека ние сме во длабока политичка, енергична и здравствена криза. Овој ќорсокак предизвикува многу неизвесност. Јас согледавме оваа ситуација и Алтернатива, како сериозна партија, сака да помогне да се одблокира оваа ситуација. Одлучивме да и дадеме шанса на стабилноста и континуитетот за земјава да се надева на датум за преговарање со ЕУ, изјавија од Алтернатива.

Муртезани на прес конференцијата рече дека Централното претседателство на партијата донело одлука да продолжат разговорите со актуелниот премиер или со идниот мандатар за да се разговара за можноста за евриоинтеграција и за излез на земјата од кризата.

Тој додаде дека, откако ќе завршат овие разговори, на Централното собрание на партијата ќе биде донесена одлука за влез на Алтернатива во Владата.

-Одлуката дали ќе влеземе во владината коалиција зависи од Централното собрание, кое ќе може да се состави кога ќе има детали од преговорите, рекоа од Алтернатива, додаде Муртезани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This