January 17, 2022, 4:31 pm

Ангеловски: Благодарам зa гocпoдинoт Пандев и игpaчитe, paнo e дa ce збopyвa зa иднинaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Селекторот Игор Ангеловски на денешната прес-конференција пред мечот со Холандија се заблагодари на своите играчи, но и на капитенот Горан Пандев.

„Пандев не тренираше, бидејќи против Украина играше со две блокади. Сепак, на мечот со Холандија ќе настапи. Холанѓаните се апсолутни фаворити, но мораме да ги повториме добрите работи од мечот против Украина и да се бориме за позитивен резултат. Знаеме која е Холандија, но против такви селекции треба да го покажеме квалитетот и да дадеме максимум“.

Ангеловски се осврна и на неговата иднина во националниот тим, заблагодарувајќи се на капитенот Пандев и сите репрезентативци.

„Мојот договор со ФФМ завршува. Можам само да се заблагодарам на господинот Пандев. Среќен сум што работев со таков човек и фудбалер. Благодарност и до сите фудбалери, знаете и самите каде бевме пред неколку години и каде сме сега. За иднината не сакам да зборувам сега, ќе го одработам договорот професионално до самиот крај, како што најавив“, истакна Ангеловски.

Aнгеловски не заборави да се осврне и на неколкуте критики за импровизираните позиции во составот.

„Не се согласувам за таканаречените импровизации. Со Ристовски како стопер и Николов како десен страничен играч дојдовме до победа против Германија и имавме реми со Италија, ни донесе и реми со Слоевнија и имавме уште многу позитивни резултати. Против Холандија можеби ќе смениме нешто, но сето тоа е во функција на желбата со позитивен резултат да завршиме на ЕП“, изјави Мрме и се осврна на најавената репрезентативна пензија на Пандев.

„Со најавата за повлекување на Горан од репрезентацијата, сега имаме мотив плус за позитивен резултат. Горан поради повредата која ја имаше уште пред мечот со Украина, кој го одигра со блокатори, не тренираше последниве два дена. Но, утре сигурно ќе игра и сите играчи ќе играат за него“.

Македонија ќе го одигра својот последен натпревар на ова ЕП утре со почеток од 18 часот во Амстердам против Холандија.

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This