April 16, 2024, 11:26 am

(Анкета) „Катастрофа, едвај го поминуваме месецот“ – граѓаните за новите ценовни шокови и поскапувањето

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За новите ценовни поскапувања и најавените економски политики, од Инфомакс ги прашавме пазарџиите и купувачите на зелениот пазар во Скопје.

За тоа, како влијаат поскапите цени на продуктите, нашите испитаници велат дека е тешко да се врзе крај со крај. Тие ни се пожалија дека сè е поскапо, како и тоа дека доколку поскапувањето на основните продукти за живот немаше да претставува сериозен предизвик ако платите и пензиите исто така се зголемуваа. Но, за жал, моменталните економски трендови одат само во насока на намалување на животниот стандард и купувната моќ на граѓаните.

За најавените економски мерки и замрзнувањето на цените, купувачите велат дека се задоцнети. Сметаат дека требало да се случи многу порано и дека сега веќе е доцна.

Владата во изминатите неколку години постојано е критикувана за недостаток на превентивно дејствување, како и за задоцнето справување со последиците, што повторно се докажува во пракса со најавените ценовни политики, кои во суштина се еднострани, затоа што истите се обид за заштита на купувачите, не водејќи грижа за производителите и добавувачите.

Целото видео може да го погледнете тука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This