January 21, 2022, 11:45 am

Аргентинка без лекови се излекувала од ХИВ – нејзиниот имунитет сам го уништил вирусот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Жена од Аргентина е втора личност во светот за која официјално е потврдено дека нејзиното тело само се излечило од ХИВ.

30-годишна мајка, на која за прв пат ѝ бил дијагностициран ХИВ во 2013 година, рече дека ужива во своето здравје.

„Уживам во своето здравје. Имам здраво семејство. Не морам да се лекувам, живеам како ништо да не се случило. Ова е веќе привилегија“, рекла неименуваната пациентка.

„Ова е вистинско чудо на човечкиот имунолошки систем“, рече имунологот Ксу Ју од Бостонскиот институт. Докторот Стивен Дикс се согласува со него, кој верува дека е дојдено време да се разбере механизмот зад овој процес на лекување.

„Сега треба да ги разбереме механизмите. Како се случува ова и како можеме да го примениме терапевтски кај други луѓе?“ рече Дикс, пренесува Ен-би-си њуз.

ХИВ се покажа дека е исклучително тешко да се искорени од телото бидејќи инфицира одредени долговечни имунолошки клетки, познати под името вирусен резервоар, кои можат да поминат долги периоди во состојба на мирување. Тие ѝ овозможуваат на вирусната ДНК, позната како провирус, да помине под радарот на антиретровирусниот лек кој може да го напаѓа вирусот само во заразените клетки кои активно создаваат нови копии на ХИВ.

Ју исто така водел студија објавена во списанието Нејчр во август 2020 година, во која биле набљудувани 64 лица кои, како Аргентинката, се таканаречени „елитни контролори на ХИВ“. „Контролор“ е, во просек, еден од 200 лица со ХИВ чиј имунолошки систем некако ја одржува репликацијата на вирусот на многу ниски нивоа без употреба на антиретровирусни лекови.

Научниците открија дека имунолошкиот систем на овие лица првенствено ги уништува оние клетки кои содржат ХИВ што може да се копира. По обработката на имунолошкиот систем, во телото остануваат само инфицирани клетки во кои вирусот се наоѓа во некаква генетска мртва зона.

Се покажало дека на член на групата, Лорин Виленберг (67), на која ѝ бил дијагностициран ХИВ во 1992 година, имунолошкиот систем во целост го победил вирусот. Ју верува дека и двете жени имале силен одговор на Т-клетките, што може да се користи во идни терапии.

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This