Атина: Хорот на Бигорски манастир предизвика долг аплауз од публиката

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Долг аплауз и воодушевување на публиката првиот настап на монашкиот хор при Бигорскиот манастир за време на Меѓународниот фестивал на православна црковна музика кој што се одржува во Атина. На него беше и првото претставување на хорот во грчката престолнина.

Фестивалот е под покровителство на Министерството за култура на Грција, општината Атина и атинската архиепископија. На него присуствуваа генералниот секретар од Министерството за надворешни работи на Грција, како претставник на Владата и претставник на грчкиот архиепископ Јеронимос, како и игуменот Бигориски манастир, Епископ Антаниски г.Партениј.

Отец Анатолиј одговорен за машкиот хор, објаснува дека учеството на првиот Меѓународен фестивал на православна црковна музика беше по покана од претседателот на Здружението на јеропсалти, односно црковни певци на периферијата Атика, поширокиот регион на Атина, Илиас Редиадис -Тумбас, а „сето тоа е со благослов на архиепископијата атинска, односно на архиепископот атински господин Јероним и со нивно покритие“ и со поддршка од Министерството за култура на Грција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This