„Би тe зaдaвилa co paцe“: Пpoтeкoa ckaндaлoзни пopaки кoи Северина ги иcпpaтилa нa диpeктopкa нa yчилиштe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Северина испраќала заканувачки пораки на директорка на Основното училиште каде оди нејзиниот син Александар, Лилјана Клингер, тврдат хрватските медиуми.

Имено, како што пишуваат медиумите, директорката случајот го пријавила во полиција, а потоа го известила и МВР дека полицијата не превземала ништо по нејзините пријави.

„Сериозно се плашам за својата безбедност, ве молам да ми помогнете, па наместо опомена за госпоѓата, да мора да испраќате телеграма за сочуство“ – порачала директорката.

Хрватските медиуми објавија заканувачки пораки кои Северина ги испраќала на директорката.

„Би те задавила со раце, бабо“, „Стара гадна бабо“, „Ќе седиш и ќе трепериш, како што треперев јас кога ми го малтретираше детето“ – ова се само дел од пораките кои Северина ги праќала на Лилјана.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This