January 28, 2022, 1:42 pm

Британската разузнавачка служба: Вештачката интелигенција ќе донесе револуционерни промени во геополитиката

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шефот на британската разузнавачка служба МИ6, Ричард Мур, смета дека Кина и Русија работат на усовршување на вештачката интелигенција на начин што може да доведе до револуционерни промени во геополитиката во следните неколку децении.

Мур вели дека Западот треба да обрне посебно внимание на заканите од квантното инженерство, огромните складишта на податоци и напредокот во развојот на компјутерите, пренесува „Ројтерс“.

– Нашите противници вложуваат многу пари и амбиции во усовршување на вештачката интелигенција, квантните компјутери и синтетичката биологија, бидејќи знаат дека совладувањето на таа технологија ќе им даде предност – уверува Мур, кој минатата година стана шеф на МИ6.

Според него, технолошкиот напредок во следната деценија би можел да го надмине напредокот постигнат во претходните 100 години.
– Како општество мора да го прифатиме овој факт и неговото можно влијание врз светската геополитика – заклучи Мур.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This