January 19, 2022, 11:18 pm

Венко Филипче со голема блaгoдарнoст до семeјството на шеcтиот пoчинaт дoнор на оргaни во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска во раните утрински часови започаа координативни состаноци за подготовка за отпочнување на шестата по ред трансплантација од починат донор, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Во текот на вчерашниот ден болничките координатори од КАРИЛ дијагностицираа млада пациентка со мозочна смрт и по долги разговори со семејството одлучија да ги донираат органите. Благодарение на нивната хуманост денес еден пациент ќе добие срце и шанса за нов живот. Уште една млада пациентка се подготвува да прими бубрег. Станува збор за исклучително тешки операции, на моите колеги им посакувам многу успех во работата. Дополнително од донорот ќе бидат експлантирани и коскени ткива. Голема благодарност до семејството за нивниот хуман гест. Да се мисли да се спаси туѓ живот во моменти кога се губи животот на најблискиот е храброст и човечност кои немаат цена, напиша Филипче на „Фејсбук“.

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This