(Видео) Eвaкyиpaни чeтиpи ceлa и тypиcти вo Грција пopaди пoжapи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шумските пожари што избија денеска во западниот дел на Пелопонез ги принудија грчките власти да евакуираат четири села, како и туристи од плажите.

Пожарот избувна во планинска шума, на околу 30 километри источно од Патра, изјави министерот за цивилна заштита, Михалис Хрисохоидис, пренесува АП.

Огнот, потпомогнат од силен ветер, се спушти кон морето. На жителите на четири села – две на брегот и две на ридовите – им беа испратени пораки за евакуација.

Хрисохоидис рече дека во гаснењето на пожарот биле вклучени 290 пожарникари, со осум авиони, седум хеликоптери и специјален брод, кој ги евакуирал луѓето од плажите.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

Поради пожарот патот Атина-Патра беше затворен, како и мостот Рио Антирио.

Во последните 24 часа во Грција избувнаа 56 пожари, кои се отежнати од сувото време, топлотните бранови и силниот ветер.

Повеќето од нив се под контрола, рече министерот Хрисохоидис.

Врвот на топлотниот бран се очекува во Грција во понеделник, со температури до 46 степени, но ќе остане околу 40 степени до петок, пренесува Б 92.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This