March 28, 2024, 10:25 am

(Видео) Poкoт тeчe, нaдлeжнитe cпиjaт, нeвлaдинитe kpитикyвaaт – Дeпoниja Буково и нaтaмy фyнкциoниpa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Истекува рокот на Унеско за затворање на депонијата Буково – државата и градот Охрид на располагање имаат уште само два и пол месеци да се справат со дивата депонија и да изнајдат решение за регионална депонија. Буково е еколошка бомба која се најде во извештајот на Комитетот за светско наследство на Унеско,како една од препораките кои мора да се испорачаат. Во Акционскиот план стои дека до крајот на 2020-та година треба да се затвори депонијата во Буково и да се изгради претоварна станица, но ништо од тоа.

Од Ј.П.” Комуналец” кое стопанисува со Буково, велат дека имале одличен план за изградба на фабрика за одлагање и селектирање на отпад, но истиот пропаднал.

„Во овој момент реално ова се диви депонии кои што работат без дозвола и од друга страна се голем трошок и за Ј.П.Ние чекаме на државата, ние како Ј.П имаме план,меѓутоа тој план се коси со националата стратегија која во меѓувреме ја донесе државата и мораме да чекаме на државата за изградба на регионалните депонии“, вели Љупчо Грданоски-дир.на Ј.П.” Комуналец”.

Невладините ги критикуваат надлежните дека го преспаа рокот кој го добија во Баку и оти повеќе немаат време да го спасат градот од загадувањето на Буково.Предупредуваат дека нерешавањето на овој горлив проблем, Унеско нема да ни го прости. Поради несоодветно третирање на отпадот, еколошките здруженија обвинуваат за загадување на животната средина и изворите од кои луѓето пијат.

„Сите тие отцедни води кои што преку таа земја доаѓаат до подземните води, носат одредени штетни хемиски соединенија.Ние мислиме дека такви штетни соединенија носи само на охридска страна, но на ресенска страна,од другата страна на Буково веќе се констатирани во некои извори штетни хемиски материи“, рече Трајче Талески-Охрид СОС.

Депониите се национален проблем и треба да се најде одржливо решение,додека да се изградат регионалните депонии.Од Центарот за развој на југозападниот плански регион кажаа дека изградбата на регионална депонија за овој регион чини 39.7 милиони евра. Експерите кои имаат искуство со вакви проекти, потенцираа дека е неизводливо со толку пари да се направи современа депонија.

„Со одредени структури сакавме да направиме депонија кај Куманово и тоа беше за целово подрачје Велес,Куманово и Скопје. Можеби, па да не ве лажам близу милјарда дојде тоа е сериозна работа,многу сериозна“, вели архитектот Димитар Зарче.

Откако министерството за животна средина се откажа од идејата за изградба на регионална депонија во Годивје, сега ја анализирале можноста таа да се гради во пелагонискиот регион.

– Росица Голабоска

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This