(Видео) Авганистанците ќе останат 90 дена во Македонија, потоа ке бидат испратени на „конечните дестинации“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вечерва во Македонија пристигна првата група Авганистански државјани кои беа евакуирани од Кабул. Пристигнаа 149 од вкупно 750 лица кои треба да пристигнат во наредниот период.

Бегалците ги пречекаа министерот за надворешни работи Бујар Османи, заменик амбасадорот на САД во земјава и советници од Кабинетот на премиерот Зоран Заев и раководителката на Итната медицинска помош Милица Бубало.

На прашањето на Инфомакс кои се крајните дестинации на авганистанските бегалци, министерот Османи одговори дека ќе останат во земјата најмалку 90 дена, а нивните апликации и конечни дестинадии допрва ќе се процесираат.

„Наредните денови ќе се процесираат нивните апликации и нивните конечни дестинации. Мислам дека најважно е сите ние, владата, меѓутоа и граѓаните да ја покажеме солидарноста кон овие граѓани коишто денеска се симнаа на овој аеродром со насолзени очи од среќа затоа што најдоа место каде што ќе бидат безбедни најмалку 90 дена за кои имаат престојувалиште овде во Макеоднија“, изјави Османи

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This