January 17, 2022, 2:59 am

(Видео) Големи поплави на границата помеѓу БиХ и Хрватска, евакуиран дел од населението

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неколку згради во областа Чапљина во БиХ, недалеку од границата со Хрватска, се поплавени поради надојдените реки.
Според локалните власти во Чапљина, во атарот на населбата Струга, каде се спојуваат реките Требижат и Неретва, поплавени се подрумите на неколку семејни куќи.
Членовите на противпожарната станица во Чапљина им помагаат на жителите да спречат водата да влезе во семејните домови.
Според извештаите на Агенцијата за водено подрачје на Јадранско Море, со седиште во Мостар, реките Требижат, Буна и Јасеница се над максималниот водостој.

Дополнителна грижа за населението е најавата дека за недела е издадено жолто предупредување со оглед дека во текот на денот се најавуваат врнежи од 20 до 50 литри на метар квадратен.
Под вода се и многу улици во Мостар.

Поројниот дожд денеска предизвика поплави во делови на Далмација, а најтешко е погодена општината Дичмо, меѓу Сплит и Сињ, каде што е евакуиран дел од населението.
Големи количества вода се излеа од околните ридови и планини и поплавени патишта и полиња, но и некои куќи во Дичмо, јавува ХРТ.
Во одбраната на куќите покрај пожарникарите и надлежните служби учествуваат и волонтери.

На терен беа поставени 1.500 вреќи со песок.

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This