January 28, 2022, 1:07 pm

(Видео) Еве зошто беше пpиведена екипата на Инфомакс во Прилеп – Кој се кpиеше во штабот на партијата од власта?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Половина час по изборниот молк, екипата на Инфомакс беше сопрена и легитимирана од страна полицијата во населбата Тризла во Прилеп по што нашиот новинар и снимател беа приведени.

Во моментот кога беше приведена екипата на Инфомакс, ние добивме информација дека во штабот на една политичка партија од власта во Тризла се крши изборниот молк, се агитира и се врши поткуп, а пред штабот е собрана поголема група на граѓани и партиски симпатизери.

Задачата на нашите екипи на теренот беше токму следењето на изборниот процес и незаконските дејанија во наредните 48 часа ширум Македонија.

Од полицијата не добивме никакви информации зошто сме приведени иако уредно ги прикажавме своите новинарски легитимации и лични документи.

За иронијата да биде уште поголема, екипата на Инфомакс беше приведена за време на изборниот молк пред отворен штаб на политичка партија од власта во кој според наши сознанија во моментот на нашето приведување се наоѓала добро позната криминална групација од Прилеп која и во минатото е позната по агитирање и купување на гласови.

Нашите неофицијални сознија велат дека оваа криминална групација има одлични конекции со структури во полицијата и целта на нашето приведување била токму да не го снимиме и документираме она што се случува во Тризла во доцните вечерни часови, среде изборен молк.

Покрај проблемите со полицијат, екипата на Инфомакс имаше проблеми со припадниците на една политичка партија од власта кои ја нападнаа екипата бидејќи си ја вршеше работата.

Очекуваме дека Државната изборна комисија и сите надлежни институции ќе постапат по ваквото грубо прекршување на изборниот молк.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This