(Видео) Мицкоски: Поради лошите политики на власта, Македонија е на дното во регионот – првата половина од годината имаме најнизок број странски инвестиции

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на нивото на странски инвестиции истакна дека Македонија се наоѓа во катастрофална ситуација во однос на регионот и нагласи дека решението за излез од оваа состојба се брзи предвремени парламентарни избори, нова влада и луѓе кои што имаат јасен план и методологија како да работат.

„Катастрофално Македонија е на дното во регионот, првата половина од годината имаме најнизок број странски инвестиции дури и Косово има повеќе, 10 проценти од Македонија која што се уште е во таква ситуација во каква што се наоѓа, Албанија има исто така повеќе од 250 -260 милиони евра од нас, Србија е рекордер со милијарда и седумстотини катастрофална ситуација и тоа е само поради големото ниво на корупција и криминал, бидејќи само пред неколку години ние бевме лидери во регионот односно сите доаѓаа овде да учат и да препишуваат како се привлекуваат директни странски инвестиции. Така што оваа корумпирана и криминална влада на СДСМ и ДУИ не само што не знае да работи туку и со нивниот начин на работа ги ограничува и домашните инвеститори не само странските, затоа ние денес се наоѓаме во ваква ситуација каква што се наоѓаме“, истакна Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски додаде и дека решението за оваа ситуација во која што се наоѓа Македонија се брзи предвремени парламентарни избори.

„Решението за ова се брзи предвремени парламентарни избори, нова влада и луѓе кои што имаат јасен план и јасна методологија како да излеземе од оваа кал во која што тие не турнаа“, нагласи Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This