December 10, 2023, 12:48 am

(Видео) Ова се напаѓачите на екипата на Инфомакс

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Екипата на Инфомакс, вчера беше физички нападната од страна на поддржувачи на една политичка партија од власта за време на своето известување во Прилеп.

Инфомакс во живо известуваше од целата држава за почитувањето на изборниот молк и текот на изборниот процес.

Во Прилеп нашата камера евидентираше груби нарушувања на молкот од страна на членови на една политичка партија од власта како и лично од еден кандидат за градоначалник.

Ова е снимката на која е евидентиран физичкиот и вербалниот напад врз нашата екипа.

На снимката се гледа како новинарот Милош Милошевски и снимателот Иван Ниневски се брутално физички нападнат влечени, буткани, удирани со клоци, боксови и со предмети.

Обвинителството е на потег.

Снимката ја објави уредникот на Инфомакс, Александар Митовски кој апелираше обвинителството да постапи.

-Обвинителство ова се насилниците кои вчера ја нападнаа екипата на Инфомакс.

Обвинителството нема оправдување да не покрене постапка против овие простодушници!

До обвинителството апелирам работата да си ја сфатата сериозно.

А овие двајца тројца ашљаци апелирам да се молат да нема втор круг во Прилеп, пишува тој на Фејсбук.

Видеото погледнете го тука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This