January 21, 2022, 12:35 pm

(Видео) Пpoблeм нa пaтoт кoн EУ: Haд 80 пpoцeнти oд гpaѓaнитe cмeтaaт дeкa cyдcтвoтo e кopyмпиpaнo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Правосудството останува рак рана на македонскиот правен систем, посебен проблем кој се провлекува низа години е корупцијата. Над 80 проценти од граѓаните сметаат дека судството е корумпирано. Овој проблем може да биде сериозна пречка на патот на Македонија кон Европската Унија, каде состојбите во правосудството се една од клучните точки. Особено проблематично е што според анализите еден од најголемите проблеми во судството се и политичките притисоци. Според новинарот Сашо Димовски, кој долги години го следи овој сектор, без поддршка од политичките елите е речиси невозможно да се стане судија во Македонија.

-Да бидеме реални, без оглед како завршиле академија, кој не завршил академија, кој од која партија дошол, за да станеш судија без сериозна политичка поддршка нема влез. Е таа сериозна политичка поддршка понатаму е прашање колку ќе можеш да ја истрпиш, затоа што тој што те ставил нормално нешто очекувал од тебе, изјави Димовски.

Посебен проблем во Македонија е Уставниот суд, односно мешањето на политиката и во него, особено тоа доаѓа по предлогот на СДСМ уставен судија да стане Цветанка Иванова, која во моментов е генерален секретар на Собранието, а долги години беше партиски функционер кај социјалдемократите.

-За нејзе гласаа пет судии, но за да биде избрана мора да има најмалку шест гласа, таа е шестата која со своите два прста си го потврдува мандатот и си дава легитимитет како претседател. Без нејзиниот глас нема избор. За сите кои не знаат судир на интерес, тоа значи јавното добро кое ти е доверено да си го дадеш себеси, дали си министер, дали си директор, дали си премиер, изјави Димовски.

Според Евробарометар 81,1 проценти од граѓаните сметаат дека судството е корумпирано, додека пак за 75 отсто судството е целосно или делумно под политичко влијание. За разлика Македонија, од регионов Црна Гора покажува најголем напредок, односно таму недовербата е падната од 82 на 60 проценти.

Извор: alfa.mk

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This