January 24, 2022, 12:02 pm

(Видео) Руската apмија ја доби првата единица „Tepминатор“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Централниот воен округ на Русија ја формираше првата единица во руските вооружени сили опремена со борбени возила „Терминатор“ за поддршка на тенкови, јавува ТВ „Ѕвезда“.
Се наведува дека е дел од еден од полковите на Уралската тенковска дивизија, која е стационирана во близина на Челјабинск.
Телевизијата прецизираше дека единицата ја сочинуваат девет „Терминатори“ кои претходно успешно ги поминале тестовите.

Екипите на овие борбени возила во наредниот период ќе учествуваат на над 30 тактички вежби од различни нивоа.

„Терминатор“ е борбено возило за поддршка на тенкови, наменето за маневрирање на борбени операции во тенкови и моторизирани единици како повеќенаменско средство, вклучително и употреба на нуклеарно и друго оружје за масовно уништување. Конструиран е врз основа на тенкот Т-90.
Има два топа 2А42, два автоматски ракетни фрлачи АГ-17Д, четири противтенковски наведувани ракети „Атака“ и митралез ПКТМ од 7,62 милиметри.

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This