(Видео) Стоилковски: Haмecтo жичницa дo Водно, Шилегов изгpaдил лифт вo cвojaтa дивoгpaдбa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Скопјани останаа без жичница до врвот на Водно, ама Шилегов си вградил лифт до врвот на неговата дива надградба тука во Скопје.

Скопје нема ниту еден нов изграден паркинг, ама Шилегов си изгради паркинг за луксузните возила.

Скопје нема Универзална сала, ама Шилегов си изгради нов спрат цел на диво!

Па, која семејна куќа со дозволе катастарска висина од 8.8 метри има потреба од лифт?

Колку чини поставување приватен лифт во семејна куќа?

Оттука прашувам, дали и кога мислат институциите да ги истражат сите финансиски тендер – скандали поврзани со Петре Шилегов?

Скопје за 4 години опустоши, а Шилегов зголеми луксуз за пола милион евра.

Скопјани се уште немаат одговор за градежните тендер скандали со потпис на Петре Шилегов.

Скопјани немаат одговор кој се’ му гради на Петре Шилегов, и дали за тоа тој воопшто плаќа?

Скопје нема Универзална, Скопје нема нов паркинг, Скопје нема жичница до Водно, Скопје нема Луна Парк, Скопје нема ниту Езеро Треска, а Петре Шилегов прожектира четири години цртани филмови, и при тоа се богати.

Почитувани, нема полошо од СДСМ за Скопје, нема полошо од Шилегов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This