February 28, 2024, 10:30 am

Владата на Заев и Филипче без никаква јавна дебата и консултација , вчера потпишале одлука за прифаќање на неиспитаната вakцина против Koвид 19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германија, Франција, Италија и Холандија потпишале договор за идна набавка на 300 милиони дози од вакцината против коронавирус која моментално е во фаза на изработка, известува „Дојче Веле“. Сите држави на ЕУ ќе може да учествуваат во оваа програма.

Германија, Франција и Италија потпишаа иницијален договор со фармацевтската куќа „AstraZeneca“ за набавка на вакцини кои се уште се во експериментална фаза, истакнало германското Министерство за здравство, додавајќи дека дозите од вакцините ќе бидат доставени во државите според релативната бројка на населението.

Вакцината се очекува да биде официјализирана кон крајот на 2020 година.

Според светската здравствена организација, вакцината од „АstraZeneca“ на која работи Универзитетот „Оксфорд“ е една од неколкуте вакцини кои моментално се во фаза на клиничка евалуација.

Фармацевтската куќа „AstraZeneca“ беше првата која го потпиша механизмот „Ковакс“, за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефикасни вакцини за КОВИД-19, дел од Гави алијансата за вакцинирање.

„AstraZeneca“, потпиша лиценциран договор за набавување на 1 милијарда дози од вакцината за ниско и средно богатите земји, со услов да обезбеди 400 милиони дози пред крајот на 2020 година.

На вчерашната 76-та седница на Владата на Северна Македонија беше усвоено приклучувањето кон „Ковакс“, глобалната набавка на вакцини за Ковид-19.

Владата на С. Mакедонија на седница ја разгледа и усвои Информација за можноста на Република Северна Македонија да се приклучи кон глобалната набавка на вакцини за Ковид-19, преку „Ковакс“ механизмот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефикасни вакцини за Ковид-19, и го овласти министерот за здравство Венко Филипче да ја потпише необврзувачкатa изјава за намери за приклучување кон „Ковакс“ механизмот и да учествува во дискусиите за консултации за дизајнот и принципите на работа на механизмот, што ќе се одржат во текот на овој месец.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This