January 24, 2022, 12:22 pm

Во „Аџибадем Систина“ ќе се изведуваат kapдиошируршки интеpвенции на пациенти од Албанија: Делегација од оваа земја во посета на болницата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пациенти со кардиохируршки проблеми од Албанија ќе доаѓаат да се лекуваат во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Интересот за изведување најтешки кардиохируршки интервенции за граѓаните на Албанија токму во „Аџибадем Систина“ произлегува од докажаното реноме на болницата во оваа специјалност во целиот регион, во поглед на експертизата, но и поради најсовремената опрема и примената на последните светски практики при операциите. Тим од доктори и експерти од здравствениот сектор од Албанија денеска беа во посета на Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Целта на посетата е да се запознаат со капацитетите и условите на Центарот за детската кардиохирургија во „Аџибадем Систина“, кој прераснува во рефрентен центар за вакви операции на Балканот, како и за адултната кардиохирургија, која е докажана и важи за една од најпознатите кардиохируршки болници на овие простори. Ова ќе биде своевидно проширување на достапноста на кардиохируршките услуги на „Аџибадем Систина“ за пациентите од Албанија откако редовно тука се лекуваат и пациентите од Косово.

CAN

Проф. д-р Александар Николиќ, шеф на адултната кардиохирургија, и доц. д-р Владимир Чадиковски, шеф на детската кардиохирургија, велат дека ова е уште еден значаен исчекор за „Аџибадем Систина“, но и уште еден доказ за квалитетот. Од друга страна, довербата значи и можност многумина луѓе од оваа соседна земја да ја добијат потребната грижа овде, наместо да се обидуваат да се лекуваат во други земји од странство.

CAN

„Многу значајно за нас е што доаѓаат најдобрите доктори кардиолози од Албанија. Сакаа да се запознаат со нашата работа. Ова е само доказ дека нашата земја котира многу високо во регионот. Целта е да се постигне голема соработка, која ќе резултира со доаѓање на пациенти од Албанија кои ќе ги лекуваме овде. Инаку, морам да кажам дека нема многу примери во моментов на ваков начин да доaѓа делегација од една држава и да се запознае со работата на приватна болница. Ова уште еднаш го докажа рејтингот и реномето кое го има нашата болница“, вели проф. д-р Николиќ.

Доц. д-р Чадиковски, кој е еден од најпознатите детски кардиохирурзи во регионот, вели дека се надева дека оваа соработка ќе се реализира, затоа што тоа ќе донесе бенефит за албанските пациенти.

„Се надеваме дека оваа соработка ќе се продлабочи и дека ќе успееме да згрижиме голем број деца од Албанија исто како што тоа го правиме со децата од Косово. ‘Аџибадем Систина’ е сериозна болница, особено Одделот на детска кардиохирургија, кој дава навистина врвна нега“, вели доц. д-р Чадиковски.

CAN

Тимот од доктори и експерти од здравствениот сектор од Албанија беа изненадени од направената инвестиција од Групацијата „Аџибадем“ во една болница со модерна инфраструктура која, како што изјавија не може да се сретне и во дел од најразвиените земји.

„ Јас сум изненаден од стручноста на персоналот кој работи тука. Ни ги презентираа своите достигнувања во својата работа низ годините. Ова е една гаранција за пациентите кои можат да се третираат во „Аџибадем Систина“ во Скопје со доста голем професионализам од страна на докторите и одлична услуга. Сметам дека ова важно искуство кое треба да се види и да се следи како од страна на Албанија така и од Косово, со оглед олеснувањето со новата инфраструктура во последниве години. Уверен сум дека ќе нашите пациенти ќе имаат поголем и полесен пристап до квалитетна здравствена услуга во регионот. Мило ми е што и во областa на здравственото осигурување овде е многу полесен пристапот до квалитетна услуга бидејќи овие услуги се покриени Фондот, нешто што во Албанија се уште не е во целост возможно, изјави д-р Ќамил Дика, заменик директор на Институтот за здравствено осигурување.

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This