Во година на пандемија се зголемува бројот на милионери во светот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во година на пандемија на коронавирусот бројот на милионери во светот надмина 20 милиони лица, покажуваат податоците на консултантската фирма Капгемини.

Бројот на луѓе чие богатство вреди милион долари или повеќе, во текот на минатата година е зголемен за 6,3 отсто, односно на 20,8 милиони лица.

Вкупното богатство во сопственост на таа група луѓе се зголемило за 7,6 отсто, односно за вкупно 80.000 милијарди долари. Големите добивки се стекнати благодарејќи на поголемите пазарни вредности на акциите.

Земји со најбогати луѓе се САД, Јапонија, Германија и Кина, а во нив живеат 63 отсто од светските милионери.

Најбрз раст минатата година е забележан меѓу супербогаташите, оние кои имаат богатство во вредност од најмалку 30 милиони долари.

Тој клуб на богати луѓе се зголеми за девет отсто во 2020 година.

Консултантската куќа Капгемини ги следи цените на акциите, обврзниците во сопственост, алтернативните вложувања, парите и имотот при проценка на вредноста. Се потпира и на податоците на меѓународните организации, како на пример Светска банка, како и на податоци од анкети на богаташи и нивните финансиски менаџери.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This