January 17, 2022, 5:30 am

Вулин: Единствената бариера за Голема Албанија е српското единство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Српскиот министер за внатрешни работи, Александар Вулин, реагирајќи на изјава на албанскиот премиер, Еди Рама, дека целта на неговата политичка кариера е да ја обедини Албанија со Косово, денеска посочи дека српското единство е единствената бариера за Голема Албанија.

„Кога премиерот на Албанија, Еди Рама, вели дека задачата на неговата политичка кариера е обединување на Албанија со Косово, сите балкански земји молчат, молчи и УНМИК кој ги контролира Косово и Метохија според Резолуцијата 1244, а ЕУ ја нема да ги објави своите познати соопштенија со повик за двете страни на воздржаност.

Кога јас, кој не сум премиер на Србија, во свое име повикувам за политичко единство на сите Срби и кажувам дека задачата на мојата генерација е да создаде ‘српски свет’, тогаш целиот регион објавува, а и ЕУ има што да каже“, рече Вулин.

„Бидејќи сите молчат за Голема Албанија, Србите мора да зборуваат. Сè што им е дозволено на Албанците, не може да се збрани за Србите“, посочи тој.

Нагласи и дека единствената бариера за Голема Албанија и единствената сила што ќе овозможи други да не одлучуваат за Србите е српското политичко единство и создавање на т.н. „српски свет“.

Се надевам дека сите што молчат за признанието на Рама дека создава Голема Албанија ќе молчат кога ние Србите зборуваме за „српскиот свет“, рече министерот за внатрешни работи.

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, неодамна имаше реакција на изјавите за „српски свет“.

Тој кажа дека верува оти во 90 -тите години српскиот национализам промовирал идеја за сите Срби во една држава, а дека денес, наместо тоа, постои слоганот „српски свет“ и дека тоа е всушност иста цел во различна зборовна форма.

Ѓукановиќ смета дека големосрпскиот национализам ги загубил упориштата во Хрватска и Косово но, како што изјави, му остануваат уште Црна Гора и Република Српска во Босна и Херцеговина.

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This