Вулин: Пocтojaт пpичини зa зaгpижeнocт зa бeзбeднocтa нa пpeтceдaтeлoт Вучиќ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Постојат причини за загриженост и зголемена будност кога станува збор за безбедноста на претседателот Александар Вучиќ, изјави српскиот министер за внатрешни работи, Александар Вулин.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Вулин на ТВ „Пинк“ кажа дека има индиции да одредени лица во полицијата го штителе криминалниот клан на Вељко Беливук.

Тој додаде дека имало луѓе на кои можеле да им се обратат кога им било одземено блиндираното возило, да ја свртат главата кога ќе најдат оружје кај нив и имале луѓе на кои се јавувале кога некој од членовите на нивниот клан е уапсен.

Вулин изјави дека нелегално прислушуваните разговори на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се приближуваат до бројката од 2.000 и да бројот на откриени прислушувани телефонски разговори расте.

Тој оцени дека дел од полицискиот систем го прислушувал Вучиќ, така што „се одело кај надлежен судија и се барало одредено лице да биде прислушувано, кажувале „тоа лице е криминалец, судијата ви издава соодветна одлука, а вие таа личност ја следите не затоа што е криминалец, туку затоа што знаете дека ќе се слушне со претседателот Вучиќ или со членовите на неговото семејство”.

Тој додаде дека 26 лица биле на мерки и дека ниту едно од тие лица што биле на мерки не било осудено, и дека Вучиќ никогаш се нема слушнато со дилери на дрога.

Вулин кажа и дека има информации да некои лица во полицијата биле во блиски односи со осомничениот Вељко Беливук и дека тие на некој начин го заштитувале, но и дека имале луѓе во полицијата за кои сметале дека се нивни противници и цели.

– Тие имаа луѓе на кои можеа да им се обратат и да ги повикаат да ги заштитат, изјави Вулин, додавајќи дека некои од тие луѓе сега се во затвор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This