January 17, 2022, 4:32 pm

Вучиќ: Ние многу добро знаеме дека Косово е услов за пристапување на Србија во ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ние многу добро знаеме дека решавањето на прашањето за Косово, односно односите меѓу Белград и Приштина, е услов за пристапување на Србија во Европската унија, изјави српскиот престедател Александар Вучиќ за време на денешната средба со германската канцаларка Ангела Меркел во Белград

Вучиќ оценил дека е свесен дека замрзнат конфликт не е решение. Тој, исто така, призна дека се плаши од тоа како ќе изгледа Европа по Ангела Меркел и се прашува „кој од Европа ќе ни се јави и ќе ни каже дека треба да бидеме поодговорни, наместо да се расправаме со најблиските соседи“, вели српскиот престедател.

Одговарајќи на прашањата на новинарите, Вучиќ рече и дека многу добро знаат каков е условот за пристапување на Србија во ЕУ, односно решавање на прашањето за Косово, односно односите меѓу Белград и Приштина“.

-Затоа го водиме овој дијалог на сериозен и одговорен начин. Како што вели Приштина дека има свој устав, Србија исто така има свој устав, но ние сме подготвени да разговараме за сите можни компромисни решенија, рече српскиот претседател.

Тој, исто така, изрази уверување дека компромисот ќе биде поблизок, доколку Белград и Приштина прво ги регулираат меѓусебните односи така што ќе имаат слободен проток на луѓе, стоки и капитал.

-Јас сум против замрзнатиот конфликт и не мислам дека замрзнатиот конфликт е решение и знам дека никој во Србија нема да биде среќен со овие зборови, но мислам дека е добро што оваа генерација го решава ова прашање, но мора да се компромитира, а не решение што ќе биде понижувачко за Србија, рече Вучиќ.

Канцаларката Меркел пак изјави дека на денешната средба поминала во одлична атмосфера, притоа давајќки пофални зборови за српскиот претседател Вучиќ

-Верувам дека искреноста е во нашите разговори, но и способноста да се слуша другата страна е она што ги оквалификува односите меѓу Вучиќ и мене. Го знам како човек кој не дава лажни ветувања, изјави Меркел при посетата на Белград

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This