April 19, 2024, 11:22 pm

Германија издaлa 2.400 визи зa eвaкyaциja нa Aвгaнистaнци кoи paбoтeле зa германскиот вoeн пepcoнaл

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германските власти досега им издале 2.400 визи на лица од Авганистан и нивни роднини кои работеле за воениот персонал.

Портпарол на Министерството за надворешни работи во Берлин изјави дека изминатите недели биле издадени 2.400 визи за локални лица и нивни роднини. Тој призна дека постапката е со потешкотии поради военото повлекување и затворањето на германскиот генерален конзулат во Мазар-и-Шариф.

Според него, Берлин се обидува да соработува по ова прашање со партнери како што е Меѓународната организација за миграција, чие претставништво таму се уште не работи поради безбедносната состојба.

Минатата недела, Германија ги повлече своите последни трупи од Авганистан по речиси 20-годишна воена мисија фокусирана главно на север во државата. Тоа беше втор по големина странски воен контингент по САД.

Властите нагласија дека Германија има „голема должност“ да не остава незаштитени локални жители кои ги поддржуваа силите ризикувајќи ја нивната сопствена безбедност.

Пред заминувањето на војската, биле дадени патни исправи за 446 вработени и нивни роднини – вкупно 2.250 лица, изјави во Берлин портпарол на германското Министерство за одбрана. Според него, само „релативно мал број апликации“ останале нерешени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This