January 19, 2022, 8:24 am

Го држи Западот во неизвесност: Според Блумберг, Путин е експерт за блефирање, оди во крајности, па се „врти“ без предупредување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот претседател Владимир Путин се покажува како „експерт“ во умешноста да го држи Западот во неизвесност, но тој како што повеќепати беше објавено од Москва, не сака војна во Украина, пишува американската новинска агенција Bloomberg особено специјализирана за деловни информации.

Ваквата констатација на Bloomberg, откако агенцијата претходно повикувајќи се на свои извори објави дека американското разузнавање смета дека Русија наводно планира инвазија во Украина, вклучително и преку територијата на Белорусија. Покрај тоа, според истите извори, руското министерство за одбрана наводно повикало десетици илјади резервисти во што е обем без преседан во постсоветската ера на Русија.

Истовремено, од Москва соопштија дека масовните изјави и објави во западните земји за наводни подготовки на Русија за инвазија во Украина тераат на помислата дека не смеат да се исклучат провокации и дека таквата хистерија вештачки се потпалува. Коментирајќи ги претходните слични написи за претстојната инвазија, портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, оцени дека голем број американски медиуми се користат како канали за насочена информативна кампања против Русија.

„Путин е стручњак за блефирање и држење на Западот во неизвесност, доведувајќи ги односите до работ, пред да сврти без предупредување“, пишува агенцијата.

Како што наведува Bloomberg, повикувајќи се на „извори блиски на Кремљ“, рускиот претседател не сака „уште една војна“ во Украина, но тој „мора да покаже дека е подготвен за борба доколку е потребно“ за да се спротистави на проширувањето на присуството на НАТО во Украина.

Агенцијата натаму наведува дека Путин „застанал на страната на оние од неговиот внатрешен круг кои повикале на намалување на тензиите и се повлекол од спротиставувањето на ставовите под изговорот за изолација поради Covid-19“. Како што пишува натаму Bloomberg повикувајќи се на своите извори, Путин е „искрен кога вели дека не планира напад“.

Украина и нејзините западни сојузници од неодамна зачестено изразуваат „загриженост“ поради наводното интензивирање на „агресивните активности“ од страна на Русија и наводно разместување на тешко вооружени руски единици во близина на украинската граница. Портпаролот на Кремљ изјави дека станува збор за вообичаени разместувања на руските сили на своите територија според сопствени процени. Според Песков, тоа не претставува закана за никој и никого не треба да загрижува.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, дури ја предупреди Русија во петокот на „последици“ и „цената којашто ќе ја плати доколку употреби сила против Украина“ со силите коишто наводно Москва ги упатила на границата. Рече дека Русија „по вторпат годинава концетрирала тешка опрема, тенкови и единици подготвени за борба на границата со Украина. Реториката ѝ е агресивна и не се јасни нејзините намери“.

Русија континуирано ги негира западни обвинувања за наводни масовни разместувања на нејзините единици на границата со Украина, а претседателот Владимир Путин го оцени како „алармантни“ наводите за „подготовката на инвазија“ врз соседната земја.

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This