April 20, 2024, 12:02 pm

Град Скопје со реакција до МВР- Градот нема надлежност за регулирање на сообраќај, МВР да си ја врши професионално својата работа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градот Скопје реагира на изнесените невистини во соопштението од страна на Министерството за внатрешни работи и уште еднаш бара одговори за денешното исклучување на семафорите од страна на сообраќајната полиција која е под надлежност на МВР и предизвикување на сообраќаен хаос во градот.

Јасни се надлежностите на Градот и на Центарот за управување и контрола на сообраќајот, кој служи исклучиво за мониторинг на сообраќајот во градот. Градот Скопје ниту има надлежност за регулирање на сообраќај, ниту пак има надлежност во регулирање при сообраќајни несреќи. Денешниот ден е доказ дека граѓаните се жртва секогаш кога институциите, а во случајов МВР не си ја вршат својата работа. Град Скопје тоа нема да го дозволи и ќе бара одговори и одговорност.

Реакцијата на град Скопје следеше по официјалното сооптешние на Министерството за внатрешни работи преку кое се оградуваат од одговорност за денешниот сообраќаен хаос во Скопје и блокираните улици.

„Наместо да бара објаснување од МВР и да ги дезинформира граѓаните со произволни Фејсбук статуси, градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска да почне да си ја врши работата и кога веќе не знае, да научи кои се нејзините надлежности и надлежностите на службите на градот кој таа го управува. Зачудува несериозноста на градоначалничката, која со невидена леснотија за проблеми кои се во нејзина надлежност се обидува вината да ја насочи кон МВР. Со цел да не дозволиме Арсовска да ја лаже јавноста и да бара алиби за своето незнаење во МВР, ја информираме јавноста дека според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата „Надлежен орган за управување и контрола на сообраќајот на крстосниците на подрачјето на град Скопје е град Скопје преку Центарот за управување и контрола на сообраќајот (ЦУКС)“. Бидејќи службите на град Скопје не си ја завршија работата, односно не можеа да се справат со ситуацијата и беше создаден сообраќаен метеж во Скопје (на што објективно влијаеја и сообраќајната незгода кај ТЦ Мавровка и неколку полесни сообраќајни незгоди, но и зголемената употреба на возила од страна на граѓаните поради временските услови), а врз основа на член 5 од ЗБСП, СВР Скопје -Единица за безбедност на сообраќајот на патиштата – Одделение за безбедност на патниот сообраќај постапи со цел да се овозможи поголема проточност на сообраќајот, што и беше направено, односно метежот беше расчистен“, се вели во соопштението на МВР.

Градоначалничката на градот Скопје Данела Арсовска преку статус на Фејсбук пишува дека крајно несериозно е да се исклучат семафори без најава и тоа со часови.

-Да се исклучат семафори без најава со часови за да се направи сообраќаен хаос е крајно несериозно. Сообраќајот е ист како и други денови и нема основа објаснувањето дека дождот е причината за денешната слика од улиците во Скопје каде со часови патуваа до своите домови.

Градот Скопје ќе побара објаснување од МВР за причината за предизвикување на денешниот сообраќаен хаос, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

Денес во град Скопје имаше неколкучасовна блокада како резултат на, како што објави градоначалничката Арсовска, ненајавеното исклучување на семафорите. Сообраќајниот хаос траеше неколку часа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This