January 17, 2022, 5:24 pm

Градската администрација ќе рабти со преполовен капацитет, една третина од вработените во Град Скопје се во изолација?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градот Скопје од денес почнува да функционира со половина капицет на администрацијата.

Инфомакс дознава дека вработените во Град Скопје од денес се поделени во две групи од по 250 лица кои ќе се менуваат на една недела, а повеќе од 180 лица се во самоизолација поради изложеност на ковид-19, а има и заразени.

До сега официјално само за едно лице е потврдено дека е заразено од коронавирусот, поради што бараката со бр.1 беше целосно затворена во текот на минатата недела, а вработените кои биле во контат со заразеното лице се во изолација.

Според официјалите податоци за групите во кои е организирана градската администрација за работа во смени, групите бројат по 250 лица, што значи дека недостасуваат околу 200 вработени кои не идат на работа.

Најверојатно оваа бројка се однесува на лица кои се во изолација или пак се заболени од Ковид-19, лица кои се од критичните категории, како и лица кои користат боледување или одмор.

 

 

 

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This